Бајден - Џинпинг: Соработка наместо конфронтација
Бајден го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права, задушување на демократските протести во Хонг Конг и воената агресија врз Тајван.

Американскиот претседател Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг размениле мислења за билатералните односи и прашањата од заеднички интерес, а разговарале и за стратегиски фундаментални теми. Онлајн разговорот се одржа во момент на зголемени тензии меѓу двете земји. Бајден го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права, задушување на демократските протести во Хонг Конг и воената агресија врз Тајван.
„Наша одговорност е како лидери на Кина и Соединетите држави да обезбедиме конкуренцијата меѓу нашите земји да не премине во конфликт, без разлика дали е намерна или ненамерна. Треба да бидеме јасни и искрени таму каде што не се согласуваме и да работиме заедно онаму каде што ни се вкрстуваат интересите, особено за виталните глобални прашања како што се климатските промени“, изјави американскиот претседател, Бајден.
Пекинг пак со критики до Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Кина.
„Во моментов, и Кина и Соединетите Американски Држави се во критични фази на развој и се соочуваме со повеќе предизвици. Како двете најголеми светски економии и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Кина и Соединетите Американски Држави сакаат да ја зголемат комуникацијата и соработката. Секој од нас треба добро да ги води нашите внатрешни работи и истовремено да имаме дел од меѓународните одговорности и да работиме заедно за да го унапредиме благородниот курс на светскиот мир и развој“, рече кинескиот претседател Си Џинпинг.
Тајван е меѓу најконфликтните теми меѓу Кина и САД. Владата во Pекинг во островот гледа отцепена провинција што треба да биде повторно обединета со копнениот дел, доколку е нужно, и со употреба на воена сила. САД пак демонстративно е на страната на владата во Тајван.
Марина Ристова
