Енергетика

Од ноќеска не работи првиот блок на РЕК Битола

16.11.2021 13:11

Според информации од ЕСМ, станува збор за планирано исклучување на блокот еден, односно за планиран 12- часовен застој поради редовна ревизија на блокот, и по тој период истиот ќе биде приклучен на мрежата.

Во РЕК Битола се произведува електрична енергија само од блокот два. Првиот блок од ноќеска е исклучен од електро- енергетскиот систем.

Според информации од ЕСМ, станува збор за планирано  исклучување на блокот еден, односно за планиран 12- часовен застој поради редовна ревизија на блокот, и по тој период истиот ќе биде приклучен на мрежата.

Има и неофицијани информации дека станува збор за пукнати цевки.