Македонија

ДКСК алармира- ниските пресуди се коруптивни

16.11.2021 14:54

Поради сѐ почестата правосудна практика за тешки дела во сообраќајот со смртни последици, кога се одредуваат ниски несоодветни казни за сторителите, антикорупцинерите со повик до правосудните органи, да се преиспитаат одлуките. Неказнивоста како во случајот со Кичеец, или изречени казни под законски минимум, вели првата антикорупционерка Ивановска, најчесто се показател за корупција во судството...

Антикорупционерите побараа Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат  обвинителско – судските постапувања откако на Зоран Милески- Кичеец му беше изречена казна од шест месеци за сообраќајката во која загина едно лице, а за сообраќајна незгода во Охрид во која починаа две лица, беше изречена условна казна на сторителот.

Првата антикорупционерка Ивановска предупреди дека казните под законскиот минимум кои ги добиваат предизвикувачите на сообраќајките отвораат сомнеж за корупција. Неказнивоста  се препознава како еден од клучините фактори на корупција, тврди Ивановска. 

Според Алијанса за Албанците, правдата е селективна бидејќи пресудите се различни за исти случаи. Тие побараа одговор од министерот за правда, Маричиќ.

Во меѓувреме во јавноста се огласи министерот дека набргу ќе биде воведено ново кривично дело во кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“, за што се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казна најмалку 4 години затвор.

Во меѓувреме, Антикорупциска најави дека ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на поранешен министер за култура поради сомнение за злупотреба на службена положба.

 

Фиљана Кока