Османи: Отворањето на преговорите ќе биде придонес не само за земјава, туку и за регионот
Министерот за надворшени работи Бујар Османи од Брисел со порака - завршувањето на изборите во Северна Македонија и Бугарија создадоа предуслов за една политичка стабилност и предвидливост во двете држави, а со тоа и потреба за рефокус на ангажманот и енергијата за надминување на блокадата на патот кон Унијата. Според него, отворањето на преговорите во декември би бил суштински придонес не само за земјава туку и за целиот регион...

Во нашата земја е клучот за за деблокирање на целиот регион. Изнаоѓањето на решение ќе биде суштински придонес за Македонијa, но и за државите од регионот, вели Османи од Брисел.
Шефот на дипломатијата во престолнината на ЕУ истакнал дека по изборите во Скопје и во Софија се создал предуслов за политичка стабилност и предвидливост на двете земји, а со тоа и потреба за рефокус на ангажманот и енергијата за надминување на бугарската блокада на македонскиот евроинтегративен пат.
За време на дводневната посета на Брисел, каде се утврдуваат следните чекори во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ кога земјава очекува конечно да започнат преговорите, Османи се сретна и со еврокомесарот за проширување.
На средбата со Вархеји, велат од МНР, биле реафирмирани позитивните оценки на Европската Комисија за земјата во однос на сите параметри, како и повиците на членките на унијата без одложување да се одржи првата меѓувладина конференција.
Катерина Топалова
