Енергетика

РЕК Битола повторно работи само со еден блок

16.11.2021 15:42

Само еден блок од трите на РЕК Битола денеска произведува струја. Од комбинатот информираат дека станува збор за редовна техничка постапка која се реализира според однапред утврден план. Третиот блок сѐ уште не работи откако пред десет дена имаше пожар на трафостаница...

Од објективни или субјективни причини столбот на нашиот енергетски систем во последно време никако цврсто да застане на нозе, односно во континуитет повеќе од ден- два да функционира со две третини од инсталираната моќност. Деновиве на мрежа се врати ремонтираниот втор блок, но од ноќеска исклучен од мрежата е првиот блок.

Според информациите од АД ЕСМ се работи за редовна ревизија на блокот, односно 12- часовно плански застој и тоа се случи, како што велат, околу полниќ кога потрошувачката е сведена на минимум.

Додека од државните електрани сметаат дека за вообичаени работи нема што да соопштуваат, од ВМРО- ДПМНЕ велат дека ова во контунуитет е уште една поситна хаварија која ќе повлече дополнителен увоз на електрична енергија и нови финансиски дупки.

Спротивставени ставови околу количините на јаглен на депонијата и динамиката на ископ од битолските рудници. Инаку, стручни тимови интензивно работаат на што поскорото санирање на последиците на надворешниот дел од третиот блок, по пожаот што избувна пред 10-ина дена.

Стевче Митревски