Финансии

Продолжува комисиската расправа за државната каса, власта и опозицијата со различни ставови

16.11.2021 15:50

Продолжува собраниската комисиска расправа за предложената државна каса за наредната година. Дел од независните регулаторни тела, Антикорупциската комисија, реагираат на планираните средства за 2022-ра, кои според нив се недоволни за извршување на нивната дејност. Власта и опозицијата со различни ставови...

Барањето на Државната комисија за спречување на корупцијата за дополнителни 6 милиони денари за покривање на трошоците за плаќање на лиценци за софтвер како и за зголемените сметки за струја, вода и други надоместоци во наредната година предизвика дебата во Комисијата за финансирање и буџет. За опозицијата ова е недозволиво и скандалозно, додека за власта состојбата ќе се надмине преку комисиски амандман и не се потребни политички памфлети.

Споредувајќи ги Предлог- буџетот, БДП, странските инвестиции, инфлацијата, невработеноста, Љупчо Пренџов од ГРОМ констатира дека сме на последно место меѓу државите од регионот.

Реплицираше министерот за финаснии. Секоја меѓународна институција ги ревидира проекциите во текот на годината и се разликуваат за неколку процентни поени. Планираните инвестиции се поголеми од буџетскиот дефицит и тоа е добро, вели Бесими.

Расправата за Предлог- буџетот во матичната комисија за финансирање и буџет може да трае најмногу 10 дена, а на Собрание 5 дена, по што пратениците се изјаснуваат со гласање за предлогот на Владата.

Свето Николовски