30 години од донесувањето на Уставот
30 години од донесувањето на првиот Устав по прогласувањето на незавнисност на земјава. Со 93 гласа „за“ Собранието во 1991-ва година на овој ден го донесе уставот со што независноста на земајта уставно-правно беше заокружена...

Денеска се одбележуваат 30 години од донесувањето на првиот Устав по прогласувањето на независноста на земјава. По одржаниот референдум на 8-ми септември 1991-ва година, на којшто граѓаните го дадоа својот глас за конституирање на суверена и самостојна држава, независноста, уставно правно беше заокружена со носењето на уставот во Собранието за кој гласаа 93-ца пратеници.
Работниот текст на уставот го пишуваа професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски. Според уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на републиката се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.
Највисокиот правен акт досега има претрпено неколку амандмански измени.
По повод 30- годишнината од донесувањето на највисокиот правен акт, вечерва со почеток во 20 часот и 40 минути на МРТ1 ќе биде прикажан документарниот филм „30 години државност, Уставот- темел на иднината“.
