Намалена смртноста на предвреме родените бебиња
Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на Клиниката за финекологија и акушерство.

Од 2016-та до 2021-ва година намалена е смртноста кај предвреме родените бебиња од 26% на само 8% со тенденција овој процент и понатаму да паѓа, информираат од Министерството за здравство. Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на Клиниката за финекологија и акушерство.
Од ресорот здравство информираат дека изминатиот период набавени се 15 модерни инкубатори, нешто што недостасуваше на Клиниката, но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема. Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи. Денес ГАК располага со врвна апаратура, знаење и мотивиран персонал кој работи по светски стандарди.
На денот на предвреме новородените деца, министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата.
