Австрија

Одземен пратеничкиот имунитет на Курц

17.11.2021 09:55

На поранешениот австриски премиер Себастијан Курц му е одземен пратеничкиот имунитет, на барање на Обвинителството за економски криминал и корупција...

На поранешениот австриски премиер Себастијан Курц му е одземен пратеничкиот имунитет, на барање на Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп.

По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, нагласувајќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.