Изложба и ракотворби од македонците во Хрватска
Во рамки на осумнаесетите Денови на македонската култура во Задар, Хрватска одржана е изложба „Уметнички слики“ од фундусот на македонското културно друштво „Билјана“ и членовите...

Во рамки на осумнаесетите Денови на македонската култура во Задар, Хрватска одржана е изложба „Уметнички слики“ од фундусот на македонското културно друштво „Билјана“ и членовите.
Организатори се ова македонско културно друштво од Задар, во соработка со Претставничката на македонското национално малцинство од Задарската жупанија.
И ракотворбите имале свое место на ова случување. Составен дел на манифестацијата е и настанот „Нешто старо, нешто ново“, од ракотворби од етно работилницата „Ѓергев“.
Одржана е и пригодна програма на секциите на Друштвото и нивни гости.
Покровители на манифестацијата се Советот за национални малцинства на Република Хрватска и Претставничката на македонското национално малцинство од Задарската жупанија.
Аида Николовска
