Изложба „Трансценденција“ во КИЦ
Преку оваа изложба љубителите на уметноста ќе можат да видат иновативни скулптури во кои преку металот се артикулираат идеите од духовната сфера на авторот.

Од 17-ти до 30-ти ноември во Културно информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложба на авторот Слободан Милошески со наслов „Трансценденција“. На изложбата ќе бидат претставени 15 скулптури со галериски формат создадени со примена на техника за заварување на метал.
Преку оваа изложба љубителите на уметноста ќе можат да видат иновативни скулптури во кои преку металот се артикулираат идеите од духовната сфера на авторот.
Скулпторот Милошески зад себе има 26 самостојни изложби и преку 80 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 15 награди и признанија, од кои најзначајни се наградите за скулптура „Јордан Грабул“, за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ и за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделени во периодот од 2012 до2021година од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
