Полска: Белоруски офицери учествувале во нападот по границата

17.11.2021 10:17

Полското обвинителство покренало истрага за нападот на границата. Во моментов се врши увид и се прибираат физички докази. Во нападот билеповредени 12 лица, меѓу кои девет полицајци...

Главниот командант на полската полиција смета дека во планирањето и нападот на мигрантите на границата активно учествувале полицајци од белоруските служби. Како доказ го посочи фактот што бегалците имале шок гранати и солзавци.

Според полицијата многу од напаѓачите носеле маски, што ја оневозможува нивната идентификација.

Полското обвинителство покренало истрага за нападот на границата. Во моментов се врши увид и се прибираат физички докази. Во нападот билеповредени 12 лица, меѓу кои девет полицајци.

Советот на Европа го повика официјален минск да ја деескалира ситуацијата на полско-белоруската граница и да овозможи „целосен пристап“ до хуманитарните групи и медиумите.

Западот ја обвинува белорусија дека ги привлекува бегалците на границите со лажни ветувања за лесен пристап до Европската унија.