Вакцина или ПЦР тест за вработените во јавниот сектор, задолжителна вакцинација на здравствените работници- предлага Комисијата
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да ѝ предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа. Комисијата препорачува вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници...

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да ѝ предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Вработените треба да прикажат или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена, или пак потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат, поради ретки имунолошки состојби.
Министерот за здравство Филипче препорача кон овие мерки да се приклучат и приватните компании.
Комисијата за заштита од заразни болести препорачува вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.
Мерките треба да стапат на сила десет дена откако ќе ги усвои Владата.
