Ковид-19

„Фајзер“: Таблети против Ковид-19 за земјите во развој

17.11.2021 11:17

Американскиот производител на лекови „Фајзер“ постигна договор со организација поддржана од ОН да дозволи нејзината експериментална таблета против Ковид-19 да биде достапна поевтино во земјите во развој.

Претходно месецов, „Фајзер“ соопшти дека податоците покажале оти антивирусниот лек го намалил за 89 насто ризикот од хоспитализација или смрт поврзана со Ковид-19 кај возрасни лица со висок ризик заразени со вирусот.