Ковид-19

Вашингтон: Од понеделник се укинува носењето маски во затворено

17.11.2021 12:09

Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи, а таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата, библиотеките, домовите за стари лица и во некои јавни згради.

Вашингтон од следната недела го укинува задолжителното носење маска во затворен простор. Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи, а таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата, библиотеките, домовите за стари лица и во некои јавни згради.

Главниот град на САД на крајот на јули воведе задолжително носење маска за вакцинирани и невакцинирани лица поради зголемениот број на инфекции поврзани со делта сојот на коронавирусот.