Политика
Османи: Во интерес на Бугарија е регионот да успее
17.11.2021 12:38
Министерот за надворешни Бујар Османи, во интервју за „ЕУ Опсервер“ вели дека се надева оти Скопје и Софија сега ќе ја насочат енергијата за решавање на прашањето...

Министерот за надворешни Бујар Османи, во интервју за „ЕУ Опсервер“ вели дека се надева оти Скопје и Софија сега ќе ја насочат енергијата за решавање на прашањето, по изборите во Бугарија во неделата.
Додава дека во интерес е на Бугарија е регионот да успее, НАТО е гарант за политичката предвидливост, стабилноста и безбедноста. Тоа е горивото што го прави моторот да се движи, вели Османи во интервјуто.
