Врвот не гибнат, но АТП разликата се топи
Се повеќе се заканува Новак Ѓоковиќ во ниетот повторно да се врати на АТП врвот. Ако само пред две недели, (пред мастерс 1000-ките во Индијан Велс и Мајами) разликата со планетарниот број еден тенисер Рафаел Надал изнесуваше цели 3 825 бода, сега е сведено на 1 920.

Се повеќе се заканува Новак Ѓоковиќ во ниетот повторно да се врати на АТП врвот. Ако само пред две недели, (пред мастерс 1000-ките во Индијан Велс и Мајами) разликата со планетарниот број еден тенисер Рафаел Надал изнесуваше цели 3 825 бода, сега е сведено на 1 920.
Монте Карло е следната мастерс 1000 станица за бодовна жетва, но тука србинот го брани тронот, а тоа значи дека можност за напредок ќе нема. Тоа пак, значи дека Надал ќе може да избега за едно 600 бода. Ќе биде бркање со мала предност за шпанецот се таму некаде до Вимблдон, па и до крајот на годината, што дополнително ја загрева тениската публика.
Размрдување на АТП скалата меѓу топ 10-ката бележи понеделников. Вавринка сеуште издржува на третата позиција. Федерер напредна за едно место, 5-тото го замени за 4-то, потиснувајќи го од него Ферер кој отиде на 6-тото. Меѓу него и Федерер се смести Бердих кој прогрсираше за две места. Дел Потро иако во рехабилитациона постела сега ја има 7-ката пред своето име. Од 6-тото отиде долу на 8-то Енди Мареј. Затоа пак, од 10-тото на 9-тото се премести Иснер. Повторно место во топ 10-таката избори Раониќ кој до Мајами беше 12-ти.
Кај дамите се чинат недостижни се 12 660 бода на Серена Вилијамс, на сметка на втората На Ли која има собрано 7 585. Првата 5-ка на ВТА поредокот без поместувања. Втората половина од топ 10-ката со раздвижување. Квитова и Кербер прават скок за две места од 8-то и 9-тото на 6-тото и 7-то. На нивните стари рангирања отидоа, Јанковиќ и Шарапова.
Повторно како си ги заменија местата Ерани и Цибулкова. Италијанката ја напушти 10-тката, Цибулкова се приклучи.
