Култура

Концерт „Филхармонија во срцето“

17.11.2021 12:46

Со овој концерт Филхармонијата се вклучува во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски...

Во четврток на 18 ноември во салата на Филхармонија, љубителите на класичната муизика ќе можат да го проследат концертот со наслов „Филхармонија во срцето“.

Концертот ќе го изведе Камерниот оркестар на Филхармонија под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска, а како солисти ќе настапат Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа).

Со овој концерт Филхармонијата се вклучува во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски.

На програмата се „Варијации на тема од Чајковски“ од Аренски, „Серенада“ од Дворжак и „Класична суита“ за камерен оркестар, флејта и обоа од македонскиот композитор Томислав Зографски.