ДКСК: Луѓето лажат за националноста за да се вработат
Луѓето не избираат начини како да ги изигруваат законите, оценуваат Антикорупционерите. Само за да се вработи кандидат Македонец, се пријавил како Албанец и тоа веќе ја губи смислата на законското решение...

Луѓето не избираат начини како да ги изигруваат законите, оценуваат Антикорупционерите. Само за да се вработи кандидат Македонец, се пријавил како Албанец и тоа веќе ја губи смислата на законското решение и изборот на квалитетните кадри на работните места, вели антикорупционерката Ивановска.
Полицаец се кандидирал за советник во една општина прекршувајќи ги изборните одредби. По неговиот избор комисијата бара и поради неспоивоста на овие две функции да се откаже веднаш од едната.
Откако Комисијата постапила по претставка за делење хуманитарна помош од службени лица од Црвениот крст непосредно пред избори, обвинителството формирало кривичен предмет, известија антикорупционерите.
Фиљана Кока
