Пандемија

Расте бројот на активни ковид- случаи во Прилеп, 47 отсто од граѓаните вакцинирани

17.11.2021 14:20

Прилеп е меѓу првите градови со активни случаи на Ковид-19. Можно е зголемување на бројките поради нискиот процент на вакцинација, реинфекции, затворен простор поради студеното време и непридржувањето кон мерките, велат епидемиолозите. Најголем интерес за вакцинирање има за сезонскиот грип и третата доза...

Прилеп останува меѓу првите градови со најмногу активни случаи, сега се 419. Најмногу се над 65 и оние од 20 до 39 години. Во модуларната со денови се 22-ца хоспитализирани. Според епидемиолозите, може да се очекуваат поголеми бројки ако се има предвид нискиот процент на вакцинирани, 47 насто, можните реинфекции, студениот бран што ќе не натера повеќе во затворен простор.

Навалицата за вакцинирање е голема, но против сезонскиот грип и за третата доза. За сезонскиот грип половината од сегашните 1.600 дози за четири дена се веќе потрошени, а третата доза бележи двојно зголемување. За прва, главно, се доаѓа, поради сертификатот.

Состојбата во училиштата, епидемиолозите ја сметаат контролирана и сѐ уште стабилна со 19 позитивни ученици и 72-ца во самоизолација.

 

Елизабета Митреска