Мицкоски: Неопходни се предвремени парламентарни избори
Неопходни се предвремени парламентарни избори, уште еднаш побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од СДСМ велат дека се работат на зголемување на парламентарното мнозинство.

По неуспешниот обид да и се изгласа недоверба на Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш порача дека се неопходни предвремени парламентарни избори. За најавите за зголемување на владејачкото мнозинство и за тоа дали има опција опозициски пратеници да преминат во власта, Мицкоски вели- ова е демократска држава во која пратениците треба да решаваат лично, што според него не беше случајот со Кастриот Реџепи од БЕСА. Каква е оценката на Мицкоски за можниот трансфер на Алтернатива во власта?
За лидерска средба, Мицкоски рече дека не гледа што би се разговарало, иако е секогаш добредојдена. Во однос на најавената оставка на премиерот Заев, тој рече дека секаков коментар би бил ирелевантен, бидејќи премиерот многу често ги менува ставовите.
СДСМ останува на ставот за најавеното зголемување на владејачкото мнозинство во Собранието и за претстојната реконстрикција на Владата.
Петровска потсети и на скандалот со земјиштето во Делчево купено од луѓе од обезбедувањето на Мицкоски за 40 илјади и препродадено за милион и шестотини илјади евра.
Марина Стојанова Тонева
