Туристичката индустрија се опоравува од пандемијата
Туристичко брендирање на дестинацииите, национална туристичка кампaња, се дел од предвидените активности за поддршка туризмот во наредната година. Од Aгенцијата велат идната година во фокусот ќе биде откривањето нови туристички производи…

Туристичката индустрија полека се опоравува од ударот на ковид пандемијата. Се зголемува бројот на туристи, растат приходите. Според податоците само во првата половина од годинава девизниот прилив пораснал 43 проценти споредено со лани.
Од Агенцијата за поддршка на туризмот велат дека зголемувањето на туристичките капацитети, подобрувањето на услугите, продолжување на туристичката сезона од јуни до септември се можностите кои и во наредната 2022 година треба да донесат одржливост на секторот.
Во планот за идната година ќе биде меѓудругото и туристичко брендирање на дестинацииите, национална туристичка кампaња, поставување нови билборди по патните правци Е-75.
Според податоците на статистика, во периодот јануари - септември 2021 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 49,8 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 23 проценти, а кај странските за 127.
Дијана Ценевска
