Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Македонија

18.11.2021 08:59

Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава. Ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев...

Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава. Ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

Дуда ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вила Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Дуда и Пендаровски ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.

Во рамки на посетата, шефот на полската држава ќе положи венец на гробот на националниот херој Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Посетата на земјава, Дуда ќе ја почне вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Македонија „Полониа“.