Факултетот за информатички науки – Финки е иднината на професиите
Над 3.000 студенти се запишани на Финки, a само лани 700. За деканот Димитар Трајанов професијата што ја нуди овој факултет значи и во најмала рака гаранација за полесно наогање работа...

Идната година се очекува да почне изградбата на новата зграда на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство .Финки за три години стана мотор на развојот на информатичкото општество но и партнер на приватните компании .
-Овој факултет се одлучив да го одберам бидејќи е еден од напросперитетните за студентите вели Виктор Стоилковски студент.
Над 3000 студенти се запишани на Финки ,само лани 700. За деканот Трајанов професијата што ја нуди овој факултет значи во најмала рака гаранација за полесно наогање работа .
-Тоа е во насока на она што значи студирање на технички факултети ,бирање професија што значи полесно добивање работа и креирање на инженери кои ќе ја подигнат македонската ИТ индустрија рече Димитар Трајанов декан на Финки.
Министерството за образование го објави и конкурсот за упис во средните училишта. Има 35.185 слободни места.
Во поглед на распишувањето на слободните места се водевме од потребите на пазарот на труд ,главен фокус ни беа стручните средни училишта, рече Спиро Ристовски министер за образование и наука.
Реформирани се 13 струки ,отворени се и нови паралелки на средното медицинско училиште во Гостивар и Охрид .
Дијана Ценевска
