Дипломатија

Шефот на австриската дипломатија во посета на Скопје

18.11.2021 09:07

Во рамки на официјалната посета, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер, Артан Груби.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската унија, информираат од МНР.

Во рамки на официјалната посета, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер, Артан Груби.

Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од страна на австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата. Дополнително е планирано оддржување на бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.