Активни 8.455 ковид- случаи во земјава

18.11.2021 09:30

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.846, Битола – 659, Прилеп – 425, Велес – 370, Кавадарци – 335, Куманово – 315. Во другите градови има под 300 активни случаи.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455, покажува последната статистика на Министерството за здравство.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.846, Битола – 659, Прилеп – 425, Велес – 370, Кавадарци – 335, Куманово – 315. Во другите градови има под 300 активни случаи.

Вчера беа регистрирани нови 476 случаи на Ковид-19 од направени 3.145 тестирања, вкупно 13 починати, од кои девет во претходното деноноќие, а четири пријавену преку системот „Мој Термин“ со претходни датуми на смрт и 279 оздравени пациенти.

Вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено. Досега се ревакцинирани 48 отсто од полнолетните граѓани, а 58.132 примиле трета доза.

Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани, а ревакцинирани се 786.941. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.