Најмногу инфицирани и починати од Ковид-19 во Европа
Најмногу нови случаи се регистрирани во Русија, Германија и Обединетото Кралство. Шведска, која се сметаше за најлибералната земја во однос на пандемијата, воведува серификати за собирите на затворен простор.

Европа и натаму лидер во светот според бројот на инфицирани и починати од Ковид-19. Најмногу нови случаи се регистрирани во Русија, Германија и Обединетото Кралство. Шведска, која се сметаше за најлибералната земја во однос на пандемијата, воведува серификати за собирите на затворен простор.
Имунизацијата останува меѓу приоритетите во битката со пандемиjата. САД планираат да инвестираат милијарди долари во проширување на капацитетот за производство на вакцината за да имаат најмалку милијарда дози до втората половина на следната година.
Во меѓувреме, „Фајзер“ чека одобреување на експерименталната антивирусна таблета која ќе биде со пониска цена за да им биде достапна и на најсиромашните земји.
