МИГРАНТИ

Белорусија им обезбеди привремено засолниште на мигрантите

18.11.2021 10:41

Првиот лет од Минск до Ирак е резервиран за денеска, но нејасно е колкумина ќе изразат волја да се откажат до крајната дестинација во западна Европа.

Мигрантите на полско-белоруската граница добија привремено засолниште. Минск им вети дека нема да бидат принудени да се вратат дома. Канцеларката Ангела Меркел по втор пат разговараше телефонски со лидерот на Белорусија Александар Лукашенко. Таа нагласила дека ним мора да им биде дадена можност да се вратат во татковината со помош на УНХЦР и Меѓународната организација за миграција.

Првиот лет од Минск до Ирак е резервиран за денеска, но нејасно е колкумина ќе изразат волја да се откажат до крајната дестинација во западна Европа.

Западните земји и натаму го обвинуваат Минск за нивно организирање со цел да се одмазди за снакциите коишто Брисел ги воведе за владата на Лукашенко. Белорусија ги отфрла обвинувањата.