Канада: Вонредна состојба по бурата на столетието
18.11.2021 10:45
Во невремето има и жртви и исчезнати. Владата на премиерот Џастин Трудо ја мобилизираше војската во најпогодените региони.

Вонредна состојба во Британска Колумбија по повеќедневните поројни дождови. Повеќе од 17.000 жители на канадската провинција ги напуштија своите домови поради тешките поплави.
Во невремето има и жртви и исчезнати. Владата на премиерот Џастин Трудо ја мобилизираше војската во најпогодените региони.
Локалните власти природната непогода на столетието ја припишаа на последиците од климатските промени.
