Главниот кризен штаб в понеделник ќе одлучува за новите предлог- мерки
Мерките што вчера ги предложи комисијата, ќе почнат да се спроведуваат 10 дена откако ќе бидат изгласани од Владата.

Главниот координативен кризен штаб в понеделник ќе одлучи дали ќе ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, невакцинираните во јавниот сектор да мора или да се вакцинираат или еднаш неделно да се тестираат за да одат на работа. Мерките што вчера ги предложи комисијата, ќе почнат да се спроведуваат 10 дена откако ќе бидат изгласани од Владата.
Изјавата на министерот Филипче дека сме барале да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна, реагираа од Сојузот на стопански комори. Велат дека нивниот став е јасен, вакцинацијата е лично право на избор и не треба да се ограничува.
Истите мерки се веќе воведени во многу земји во Европа и во регионот. Во услови кога се заканува нов силен ковид бран, должност на министерството и на комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати, како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население, истакна Филипче.
