Штепувани зимски јакни во тренд оваа сезона

18.11.2021 13:55

Изборот зависи од вкусот, стилот и од тоа како ќе се влкопат со останатите парчиња облека. Штепот го има на подолгите и покусите јакни, на елеците.

Што е карактеристично за зимските јакни оваа сезона? Со еден збор- штепувано, на различни парчиња и модели.

И боите нудат широк спектар, земјени тонови, пастелни, јаки бои.

Изборот зависи од вкусот, стилот и од тоа како ќе се влкопат со останатите парчиња облека. Штепот го има на подолгите и покусите јакни, на елеците.

Одат со сѐ, со фармерки, здолниште, долго и мини, со разновидни модели фустани.

Во зависност од останатата комбимнација на облека, може да се носат во повеќе пригоди.

Што се однесува до чевлите, и тука изборот е голем. Во зависност од пригодата може да бидат патики, балетанки, салонки, чизми.

Во секој случај, за што и да се одлучите, овие јакни ќе ви обезбедат удобност и топлина.

 

Аида Николовска