Сообраќајна култура

Најголем број сообраќајни незгоди прават лицата до 25 години

18.11.2021 14:32

Акција на засадување дрвца за оддавање почит и сеќавање на лицата кои ги изгубија животите во сообраќајни несреќи. Намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди кај нас е поради превентивните мерки, велат надлежните. Граѓаните се жалат дека не постои сообраќајна култура...

1,3 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни незгоди. „Тоа не се бројки, тоа се животи“- велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Најголем број сообраќајни незгоди прават лицата до 25 години бидејќи тие немаат свое сопствено возило, го користат тоа на своите родители, не го употребуваат секојдневно. Тие се млади, неискусни возачи. Исто така и повозрасните возачи над 65 години“, вели Гордана Кожуваровска, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди кај нас е поради превентивните мерки, велат надлежните. Граѓаните се жалат дека не постои сообраќајна култура.

Во спомен на сеќавањето на жртвите во сообраќајот, во Рајскиот парк во Лисиче засадени дрвца.

Александра Спировска