Саити: Рак рана за судството е довербата
Експертите предупредуваат дека судиите треба да бидат подобро екипирани за ефикасност во работата. Треба поголемо внимание кога се суди за предмети што предизивикуваат голем јавен интерес, вели претседателот на здружението на судиите во земјава, Џемали Саити. Во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите...

Рак рана за судството е довербата, но и етичката дебата, вели првиот човек на здружението на судиите Џемали Саити. На довербата треба да се работи постојано бидејќи судиите може да донесат илјада добри пресуди, но само со една лоша да ја срушат довербата на нула, порачува Саити.
Во насока на независноста како предуслов за ефикасноста на судството, ресорниот министер Маричиќ посочува дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите со цел ефикасни и квалитетни судски постапки.
Аналитичарите сметаат дека судската власт треба да се гледа исклучиво како власт, а не како институција, како што за жал ја третираат повеќе други органи и институции
Основните судови имаат определени системски недостатоци и слабости, но се трудат да си обезедат минимум функционалност, е општиот заклучок од анализата на Центарот за правни истражувања и анализи.
Фиљана Кока
