Социјално претприемништво за вработување на ранливите категории
По примерот на многу европски држави и кај нас е изготвена Национална стратегија за социјално претприемништво. Целта е граѓанските здруженија и компаниите да обезбедат одржлив развој, а лицата во социјален ризик да бидат интегрирани и работно ангажирани. Првиот Саем на социјални претпријатија се одржа во Штип...

Граѓанските здруженија и стопанскиот сектор со години бараат законско решение кое ќе овозможи поволности при работно ангажирање на лица од социјално ранливите категории. Закон нема, но донесена е стратегија за социјално претприемништво.
Социјалното претприемништво е многу развиено во Полска и се покажа како многу ефикасен начин за реинтеграција на социјално ранливите категории, вели Барбара Садовска од Фонацијата „Барка“.
Локалната власт е одговорна за креирање и систем на поддршка на социјалното претприемништво.
Искуствата од Полска и други европски држави покажале дека овој вид на претприемништво овозможува одржлив раст на компаниите и здруженијата и го поттикнува партнерството меѓу нив. Воедно се промовира и концептот за солидарно преприемништво, што значи дел од профитот компаниите да го реинвестираат во заедницата.
Славица Величковска
