Внатре лечат, надвор разболуваат
Внатре помагаат да се закрепне од болести, надвор трујат со црн чад. Десетици семејства од Центар се жалат дека Институтот за физикална медицина и рехабилитација дополнително им го загадува амбиенталниот воздух...

Внатре помагаат да се закрепне од болести, надвор трујат со црн чад. Десетици семејства од Центар се жалат дека Институтот за физикална медицина и рехабилитација дополнително им го загадува амбиенталниот воздух. Инспектори од животна средина биле на терен и установиле дека енергенсот мора итно да се замени и оти котлите биле дотраени. Половина година не се случило ништо, а со почетокот на грејната сезона, проблемот повторно се појавил. МТВ заедно со платформата „Само прашај“ постави апарат за мерење на вредностите, којшто покажа дека во три од шест дена се надминуваат дозволените граници. Дополнително загрижува фактот што на педесетина метри од здравствената институција се наоѓа новото основно училиште „Киро Глигоров“ каде учат околу 500 деца. Министерството за здравство смирува дека се прават редовни контроли на мазутот и дека параметрите се согласно правилникот.
Сторија на Катерина Топалова
