Миле Јанакиески излегува од куќен притвор
Јанакиески се задолжува редовно да се јавува во судот, а има и забрана за издавање на друга патна исправа. Со овие мерки му се остава простор на Јанакиески да се брани од слобода.

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и мерката куќен притвор ја замени со мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на државата и на град Скопје, информираат од Кривичниот суд.
Освен тоа, Јанакиески се задолжува редовно да се јавува во судот, а има и забрана за издавање на друга патна исправа. Со овие мерки му се остава простор на Јанакиески да се брани од слобода.
Тој е обвинет во повеќе предмети што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство како ТНТ, Титаник, Талир, Топлик, Траекторија, а поднесено е обвинение и за случајот Шпански скали.
