Женско претприемништво: Поддршката од институциите е клучна за развој
„Поддршката од институциите е клучна за развој“- прв Самит за женско претприемништво. Според податоците, едвај еден процент на менаџерски позиции на компаниите се припаднички на понежниот пол. Од ресорот економија најавија формирање Фонд за женско претприемништво...

Сѐ уште е мал процентот на жени на високите менаџерски позиции. Во земјава од едвај 50 компании управувани од жени- претприемачи, дури 40 се мали компании. Ковид пандемијата ја потенцира способноста на жените како менаџери, беше посочено на првиот Самит за женско претприемништво. Валентина е една од нив ја доби наградата за успешен претприемач која 26 години се бори со предизвиците.
Од Националната платформа за женско претприемништво, велат дека женското претприемништво треба да стане креатор на економски раст.
Жените во приватниот сектор, носат голем товар, одговорност и одлучност, рече градоначалничката Арсовска. Посочи дека преку Совет за поддршка на женското претприемништво ќе се креираат политики.
Улогата на жената во економијата е препознаена, вели министерот Бектеши. Посочи дека ќе се разгледа можноста за формирање на Фонд за женско претприемништво.
Од Европската унија порачуваат дека во модерните и просперитетни општества нема место за нееднаковост меѓу мажите и жените.
Дијана Ценевска
