ДИК одлучува за приговорите за гласањето во Дебар
ДИК ја почна расправата и по приговорот што го поднесе истата коалицијата за пет избирачки места за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Во приговорот се наведува дека записниците доставени во Општинската изборна комисија од Дебар претпрпеле суштински промени.

Државната изборна комисија одлучува по петте приговорите на Алијанса за Албанците и Алтернатива за гласањето во Дебар. Првите два приговори кои се однесуваа на јавно гласање пред избирачките совети беа отфрлени како неосоновани. Во образложението членовите наведоа дека не била нарушена тајноста на гласањето, туку избирачот одлучил јавно да гласа.
ДИК ја почна расправата и по приговорот што го поднесе истата коалицијата за пет избирачки места за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Во приговорот се наведува дека записниците доставени во Општинската изборна комисија од Дебар претпрпеле суштински промени.
Според првичните резултати на ДИК, кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, во вториот круг од гласањето за градоначалник во Дебар освои 4.291 глас, а неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива 4.153 гласови.
