Кривична пријава за поранешен раководител на ЈКП Древен

31.03.2014 14:16

Со лажни пописни листи, поранешен продавач на погребална опрема во ЈКП Дервен, полицијата го осомничи дека противправно се стекнал со имотна корист од 1.837.000,00 денари...

Кривична пријава за злоупотреба на службена должност и фалсификување и уништување на делови книги  СВР Велес му поднесе на  поранешниот  раководиел на продавница за погребална опрема на ЈКП Дервен. Покрај раководителот, кој е прво осомничен ,  како второ осомничени , кривични  пријави  заработија и двајца членови на пописна комисија, кои  со своето несовесно работење  овозможиле тој   да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1 837 000 денари.

„Прво пријавениот додека работел како службено лице-продавач на погребална опрема во ЈКП „Дервен“, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист присвоил пари од продадена погребална опрема, која опрема во пописната листа од 31.12.2012година ја пријавил како затекната во продавницата, а второ и трето пријавените како претседател и член на пописна комисија пропуштиле должен надзор и не ги исполниле своите должности, односно, ги потпишале пописните листи без да бројат и попишуваат“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Стореното кривично дело во ова претпријатие  е откриено  кон крајот на минатата година кога новиот раководител на продавницата  го правел годишниот попис.Разликата на пописните листи била евидентна и претпријатието случајот го пријавил во полиција.

Сега не ред е судството,  каде на прво осомничениот кој веќе е во пензија и на двајцата второ осомничени вработени во ЈКП Дервен ќе им се суди.

 

Дијана Иванова