Париз ја доби првата градоначалничка во историјата

31.03.2014 14:18

Во трката за градоначалничката фотелја, противник и беше уште една жена, Натали Косјуско- Моризе. Ан освои победа со 54.5 отсто од гласовите...

Ан Идалго е првата градоначалничка на Париз во кој живеат 2,2 милиони граѓани.

Таа е ќерка на шпански доселеник, и  членка на Социјалистичката партија. Ан е првата градоначалничка на Париз која се приклучува на малиот клуб на жени кои се лидери на главни градови.

Во трката за градоначалничката фотелја, противник и беше уште една жена, Натали Косјуско- Моризе. Ан освои победа со 54.5 отсто од гласовите.

Владејачките социјалисти во Франција претрпеа голема загуба на локалните избори, и се смета дека Социјалистите се погодени од растечко незадоволство на граѓаните околу економијата.