Мадрид

Димитров во Мадрид на дебата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

19.11.2021 09:21

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата ќе биде тема на дискусијата.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид ќе учествува на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширувањето на Европската унија.

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата ќе биде тема на дискусијата.

На форумот ќе учествуваат и шпанскиот државен секретар за Европска унија, претставникот на словенечкото претседателство со Советот на унијата, како и претставници за европски и надворешни работи од регионот.