Денеска средба Заев- Гаши
Можноста за приклучување на пратениците од Алтернатива кон парламентарното мнозинство и влез во владата ќе бидат тема на средбата.

За денеска е најавена средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Можноста за приклучување на пратениците од Алтернатива кон парламентарното мнозинство и влез во владата ќе бидат тема на средбата.
Можноста за формирање ново стабилно мнозинство во парламентот ја најави и шефот на дипломатијата и функционер на ДУИ, Бујар Османи, кој изјави дека тоа ќе биде објавено идната недела.
Османи смета дека бројката од над 60 пратеници е и вистинска и реална, додаде дека се разговара со сите политички партии.
Премиерот Заев вчера се сретна и со пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, при што била истакнато заедничкото уверување дека народната волја ќе биде изразена преку стабилно мнозинство во Парламентот.
