Ковид-19

Досега вакцинирани 39% од населението

19.11.2021 09:52

Во последниот ковид билтен се регистрирани нови 493 случаи на Ковид-19 од направени 2.911 тестирања. 532-јца пациенти оздравеле. Битката со вирусот ја изгубиле 17 пациенти. Преку Мој термин дополнително се пријавени шестмина починати.

Досега вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, а ревакцинирани се 787.837. Трета доза примиле 59.735 граѓани. Имунизирано е 39 насто од целокупното население во земјава, а 38 проценти примилe две дози. Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 58 насто, а со две дози 48 проценти.

Во последниот ковид билтен се регистрирани нови 493 случаи на Ковид-19 од направени 2.911 тестирања. 532-јца пациенти оздравеле. Битката со вирусот ја изгубиле 17 пациенти. Преку Мој термин дополнително се пријавени шестмина починати.

Бројот на активни ковид- случаи изнесува 8.391.