Посета

Пендаровски го пречека Дуда со највисоки државни и воени почести

19.11.2021 11:27

Во Вила Водно, двајцата претседатели одржуваат тет-а-тет средба, по што следува пленарен состанок на двете делегации. Во рамки на официјалната посета на Република Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев...

Со највисоки државни и воени почести во Вила Водно, претседателот Стево Пендаровски го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Во Вила Водно, двајцата претседатели одржуваат тет-а-тет средба, по што следува пленарен состанок на двете делегации.

Во рамки на официјалната посета на Република Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел  Мериот.

Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.