САД: Дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг

19.11.2021 10:46

Целта на Вашингтон е на ваков начин да протестираат против кинеските практики во почитувањето на човековите права.

САД разгледуваат опции за дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг што треба да се одржат од 4 до 20 февруари идната година.

Бојкот би значел дека делегација на американски официјални претставници нема да присуствува на отворањето на манифестацијата. Целта на Вашингтон е на ваков начин да протестираат против кинеските практики во почитувањето на човековите права.

Оваа идеја ја потврди и американскиот претседател Бајден одговарајќи на новинарско прашање дали се размислува за дипломатски бојкот на ОИ во Пекинг.