Битиќи: Дигитализацијата е потребна за постигнување на повисоки општествени цели

19.11.2021 11:13

Вицепремиерот Битиќи учествуваше на панелот „Дигитална трансформација: неопходнo нарушување или конкурентска предност“, кој се одржа во рамките на Самитот на Македонија 2025.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи учествуваше на панелот „Дигитална трансформација: неопходнo нарушување или конкурентска предност“, кој се одржа во рамките на Самитот на Македонија 2025.

„Процесот на дигитализација е многу повеќе од алатка, повеќе е потреба за да можеме полесно да решаваме проблеми и да постигнеме повисоки општествени цели. Дигитализацијата е потреба за да се подигне ефикасноста и ефективноста на услугите кон граѓаните, како и на искористеноста на расположливите ресурси“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека дигитализацијата е многу важна и за демократските процеси во една земја, со нејзе се овозможува полесен пристап до податоци и поголема транспарентност на институциите во управувањето на средствата со граѓаните.

Нагласи дека во 2022 година, Северна Македонија ќе стане првата земја во Југоисточна Европа која ќе воспостави дигитален асистент кој ќе ги обезбедува сите информации за државна помош достапна во нашата земја.