Линхарт: Северна Македонија мора да биде членка на ЕУ
Во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија посочува дека Австрија негува големо пријатлство кон земјава и дека двете држави имаат долга заедничка историја. Има многу ситуации каде што можеме да го објасниме Западен Балкан, но и да ги поддржиме земјите од регионот во нивните објаснувања кон Европа, вели Линхарт...
Северна Македонија мора да биде членка на Европската унија, порача во интревју за МИА австрискиот министер за европска и меѓународна соработка Михаел Линхарт.
Тој посочува дека Австрија негува големо пријатлство кон земјава и дека двете држави имаат долга заедничка историја. Има многу ситуации каде што можеме да го објасниме Западен Балкан, но и да ги поддржиме земјите од регионот во нивните објаснувања кон Европа, вели Линхарт.
Додава дека е особено важно да се донесе повеќе од Европа во Западен Балкан и тоа не само преку пристапниот процес. Според него, особено е важно на младите луѓе да им се објасни што Европа, кои се нејзините вредности и што претставува тој заеднички дом.
Вели дека Австрија е уверена оти Северна Македонија е подготвена за процесот на преговори за членство во Европската унија. Северна Македонија е дел од Европа и целта е таа да стане членка на Унијата. Ова е нашето уверување и се надевам дека заедно ќа ја постигнеме таа цел. Двете страни треба да вложат напори, вели Линхарт во интервјуто за МИА.
