Стивнуваат тензиите на полската граница, Берлин нема да прифаќа мигранти
Стивнуваат тензиите на Полско- белоруската граница. Мигрантите ги напушаат камповите, дел од нив се враќаат во своите домови. Германскиот министер за внатрешни Зехофер, по средбата со полскиот колега Камински, истакна дека мигрантите се користат како инструмент, а Европа не треба да подлегне на притисок...

Берлин нема да прифаќа мигранти од Белоруско-полската граница. Минск шири лажни вести! Германскиот министер за внатрешни Зехофер, по средбата со полскиот колега Камински, истакна дека мигрантите се користат како инструмент, а Европа не треба да подлегне на притисок.
„Лажна информација беше дека германската федерална влада би била подготвена да преземе одреден број, односно две илјади бегалци. Контактирав со канцеларката. Се работи за лажен извештај. Се врши притисок со лажни извештаи“, изајви Хорст Зехофер, министер за внатрешни работи на Германија.
Полска која беше критикувана од групи за заштита на човековите права поради зајакнувувањето на безбедноста на границата вели дека ќе стори се за решавање на кризата.
„Чекор по чекор ќе ја деескалираме ситуацијата на источната граница, на надворешната граница на Европската унија и ќе постигнеме успех на овој план“, изјави Мариуш Камински- министер за внатрешни работи на Полска.
Најмалку 12 луѓе загинале последните недели од тешките услови во пограничната зона на Полска и Белорусија, вклучително и едногодишно дете чија смрт ја пријави Полска хуманитарна организација.
„Имаше 501 обид за илегално преминување на границата од Белорусија во последните 24 часа. Тоа значи дека вкупниот број на такви обиди во ноември надмина 6.000 и вкупно 35.000 во 2021 година. Во 2021 година приведовме 2.500 странци кои илегално влегле на полска територија од Белорусија“, изјави Ана Михалска- портпарол на полската гранична стража.
Во меѓувреме дел од мигрантите ги напуштаат камповите и се враќаат во Ирак. Ирачката Влада соопшти дека враќањето било доброволно, а истото го потврди и владата во Минск.
Маријана Димовска
