Соседство

Одонсите меѓу Софија и Скопје неизбежна тема на предизборната дебата во Бугарија

19.11.2021 13:18

Односите Софија- Скопје тема и во вториот круг од претседателските избори во Бугарија. На вчерашната дебата актуелниот претседателот Радев дециден - Бугарија не може да каже „да“ за членството на Северна Македонија во Европската унија, доколку, како што вели, не запрело кршењето на човековите права на Бугарите во земјава. Незвисниот кандидат Герџиков, пак, истакна дека е потребен поинаков пристап во односите, но не од Бугарија, туку од нашата земја...

Во предизборната дебата на Бугарската национална телевизија меѓу двајцата престедателски кандидати, Румен Радев и Атанас Герџиков во фокусот неизбежно односите меѓу Софија и Скопје. Според Герџиков, незвисниот кандидат поддржан од ГЕРБ- СДС потребен е поинаков пристап во односите, но не од Бугарија, туку од нашата земја. Тој вели дека Бугарија сака да се почитува Договорот за добрососедство, што значи почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија, запирање на говорот на омраза и да се подобри транспортната поврзаност.

„Бугарија сака само да се почитува Договорот за добрососедство, пред сѐ да се почитуваат правата на Бугарите, да се престане со говорот на омраза, да се подобри транспортната поврзаност. Бугарија го направи патот до границата со Македонија, но од другата страна нема ништо и покрај европското финансирање. Очигледно нешто системски погрешно од другата страна не спречува да напреднеме“, изјави Герџиков.

Актуелниот претседателот Румен Радев дециден дека Бугарија не може да каже „да“ за членство на Северна Македонија во ЕУпред, како што рече, да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација, што според него се водела со децении. Во моментов вратата за преговори за земјава останува затворена, изјави Радев.

„Многу јасно го кажав нашиот национален став во Љубљана. Се шпекулира дека ќе направам компромис и ќе ја отворам вратата за преговори. Бугарија не може да каже „да“ пред да престане кршењето на човековите права на Бугарите во РСМ, пред да се запре систематската дебугаризација, пред да престане да се уништува и фалсификува бугарското културно наследство и пред да се искорени говорот на омраза“, нагласи Радев.

Според Радев, Европската комисија и Европскиот совет не се согласуваат да станат гаранти на преговарачката рамка и на Поглавјето 35, на што инсистира Бугарија.

На прашањето дали треба да има референдум за Македонија, двајцата одговорија дека тоа не е потребно бидејќи имало општествен консензус на таа тема.

После парламентарните избори од победничката новооснована антикорупциска партија „Продолжуваме со промената“ предводена од Кирил Петков и Асен Василев можеше сепак да се слушне дека тие во односите ќе внесат сосема нов пристап. Петков тврди дека ќе се формираат работни групи кои нема да разговараат само за историјата, туку и за сѐ што може да ги поправи добрососедски односи меѓу двете земји.

 

Фиљана Кока