Ковид-19

69% од новите случаи и 80% од починатите со Ковид- 19 се невакцинирани

19.11.2021 13:27

Според статистиката за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 18.11.2021 на територија на државата 53.682 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19, информираат од Министерството за здравство.

Според статистиката за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 18.11.2021 на територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на коронавирусот.